-0.2 C
Skopje
недела, ноември 17, 2024

Обвинителите од СЈО да бидат суспендирани

Бараме обвинителите од СЈО и сите други кои што се инволвирани во сегашната истрага за проненеверата на парите од СЈО уште веднаш да бидат суспендирани од своите работни места за да не ја попречуваат во ниту еден момент истрагата за аферата Кеш и проневерата на над 10 милиони евра народни пари, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-СЈО на вработените и на физички лица за хонорари и по други основи исплатиле над 10 милиони евра пари на граѓаните доделени од Буџетот на Република Македонија. Надвор од законот, против законски Катица Јанева и обвинителите си исплаќале сами на себе огромни суми на пари кои достигнувале и над 150.000 евра по обвинител, пари доделени надвор од законот, односно противзаконски. Катица Јанева можела да добива плата во висина од 90 проценти од платата на Републичкиот јавен обвинител, а нејзините соработници и Катица Јанева не смееле да имаат додатоци повисоки од 35 проценти од платата. За разлика од тоа гледаме дека Катица Јанева земала месечна плата и до 5.500 евра по основ на сите ставки. Тоа е далеку повеќе од она што требало да го зема согласно законот. Обвинителството уште веднаш треба да ги суспендира од нивните работни места, а обвинителите треба да се гонат за злосторничко здружување при која е направена проневера, финансиска штета во вредност од над 10 милиони евра државни пари. Бараме сите овие кои се офајдиле од СЈО да ги вратат парите назад во Буџетот и да одговараат за сето она што го сториле до сега. СЈО наместо да дели правда, создаде неправда и направи огромна штета на правосудниот систем и го оштети буџетот на Република Македонија. На пример сопругот на докторката која даде боледување на Катица Јанева во екот на најголемата афера Рекет, Методи Цилков од СЈО има земено над 25.000 евра по основ на хонорари односно 1.585.000 денари земал Методи Цилков сопругот на докторката која што издаде боледување на Катица Јанева. Катица Јанева практично си го купила сопственото боледување. Докторката Цилкова чии маж примал пари од Катица Јанева работела противзаконски и за истото треба да биде предмет на истраги и доколку нависни се увиде дека направила против законско дејание треба да одговора. Катица Јанева и СЈО заедно со СДСМ целиот свој мандат и постоење работеле спротивно на законите и проневерувале пари. Згора на тоа, гледаме дека уценувале вршеле притисоци и рекетирале. Гледаме дека секој ден се изигрувале законите на разно разни начини и се однесувале како да се богови, истакна Арсовски.

За ова одговорност мора да има и парите мора да бидат вратени кај граѓаните. Сите оние кои што се огрешиле пред законот и работеле против законски во СЈО треба да одговараат, додава тој.