
Портпаролот на холандското обвинителство денеска потврди дека обвинителите и пред инцидентот биле загрижени за однесувањето на човекот кој е осомничен за вчерашното убиство на три лица во Ротердам и дека испратиле предупредувачко писмо до училиштето кое го посетувал.
Во писмото се опишани „психотичното однесување“ на сега осомничениот 32-годишен маж, неговите проблеми со алкохолот и поплаките од соседите за неговиот однос кон животните, пренесуваат британските медиуми.
Тој треба да се појави на суд на 3 октомври и моментално е во притвор под сомнение дека убил 39-годишна жена која живеела во близина на неговиот дом и нејзината 14-годишна ќерка, а потоа и 43-годишна лекарка која предавалa во Универзитетската болница „Еразмус“ во кој присуствувал осомничениот. Мотивот за нападот засега не е познат.
-Шокирани сме од страшниот инцидент. Пукано е на две различни места во градот. Многу луѓе беа сведоци на пукањето, изјави градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб.