Обвинителката Лиле Стефанова ја избламираа и банкарските службеници

На обвинителката која зела 93 илјади евра на незаконски начин надоместоци од СЈО денес на рочиштето на случајот Титаник по кој знае кој пат и беше побиена тезата на обвинението од нејзините сведоци. Александар Горенцев и Јана Божиновска како вработени на шалтер на НЛБ во 2013 и 2014 денес сведочеа дека сите уплати на средствата за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ биле во целост со тогашните позитивни законски прописи.

Горенцев потврди дека повеќе од 60 луѓе во свое име уплатиле средства на име донација за партијата на шалтерите во ескпозитурата во Кисела Вода. Истото тврдење го дадоа и лицата кои ги уплаќале средствата во таа експзитура на минатите рочишта. Божиновска пак сведочеше дека немало ништо спорно во сумата и налозите кои биле примени на шалтер и реализирани кога биле донесени од едно лице.

Нервозата на Стефанова по по овие тврдења кулминираше кога побара преку судиите сите присутни да ги извадат заштитните маски во судницата со цел сведокот Божиновска да врши препознавање на обвинетите. Откако од нејзина страна беше потврдено дека ниеден обвинет не ги уплаќал средствата Стефанова побара пауза бидејќи не се чувствувала добро. Останатите сведоци како членови на ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека редовно донирале средства за партијата како и дека во матичните месни и општински комитети плаќале членарина.

Иако Стефанова и тука се обиде да ги дискредитра сопствените сведоци сепак тие потврдија дека сопствените уплати ги вршеле во банка, а средствата акумулирани од членарини се совпаѓаат со сумите кои истите пред кампања кумулативно ги уплаќале на сметка на партијата. Голем број на видни и активни членови на ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека се повикувале да сведочат во СЈО без да има присуство на одбраната и преку суптилни закани за работните места и дека од сведоци ќе преминат во обвинети им се вршел притисок да сведочат во корист на СЈО.