Џек Смит, специјалниот обвинител во случајот против Доналд Трамп за незаконски обиди за поништување на резултатите од изборите во 2020 година, препорача во понеделникот гонењето да биде запрено откако републиканецот надмоќно беше избран за претседател на САД.
Тимот на кампањата на Доналд Трамп веднаш го поздрави потегот на обвинителот како „голема победа за владеењето на правото“.
Џек Смит ја уважи повеќе од 50-годишната политика на Министерството за праосудство да не гони актуелниот претседател.
И покрај тоа што случајот со кандидат кој се гони, а потоа е избран за претседател е „без преседан“, заклучи министерството за време на разговорите со специјалното обвинителство дека таквата политика „се применува на оваа ситуација“, објаснува Џек Смит во своето барање до судијката Тања Чуткан.
Но, тој побара од судијката да ја прекине постапката без прејудуциање на текот на настаните, што ја остава отворена можноста постапката повторно да биде покрената на крајот од мандатот на Доналд Трамп.