Обвинителот Бубевски: Се зголемува бројот на оштетени од Жан Митрев

Основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски во денешното интервју за Радио Слободна Европа рече дека во меѓувреме се зголемува бројот на пациенти кои сакаат да сведочат против Жан Митрев и неговата клиника за лекувањето со методот на хемофилтрација. Досега беше позната бројката од 283 пациенти кои се пријавиле како оштетени лица.

– Да, тој случај сигурно се зголемува и во меѓувреме е зголемен. Меѓутоа, во моментот се располагаше со тој број на оштетени лица за кои што имавме искази, односно вербален материјал што укажуваше на обележја на кривично дело – измама.

Ќе видиме сега, во судница е сепак она главното што ќе се случува. Таму ќе се соочат аргументите и на Обвинителството и на одбраната и ќе видиме на кој начин Судот ќе завземе став во однос на измамничките дејствија за коишто Обвинителството смета дека ќе ги докаже, рече Бубевски во денешното

Кривичниот суд за на 28-ми февруари го закажа првото рочиште против докторот Жан Митрев, обвинет за измама при давање на медицински услуги во неговата приватна болница.

Според обвинението, доктор Митрев меѓу јуни 2020 и јуни 2022 година со прикривање на факти ги довел во заблуда пациентите кои во болницата се лекувале од ковид – 19.

На пациентите им била нудена хемофилтрација, која не била одобрена од здравствените власти.

Со ова, според обвинителството, докторот Митрев за себе прибавил еден и пол милион евра, откако семејствата на пациентите ги довел во заблуда дека е потребно да им се изврши хемофилтрација.