Главното обвинителство на Русија соопшти денеска дека нема основа за разговор за било каква екстрадиција на соборениот претседателна Украина, Виктор Јанукович имајќи предвид дека „актуелната власт во Украина е нелегитимна“.
„Јанукович е полноправен и легитимен претседател, а сегашната власт на Украина е незаконска, дојде по пат на вооружен пресврт. Нема никаква основа да решаваме по прашањето на екстрадиција на Јанукович,“ изјави главниот руски обвинител Јуриј Чајка кој денеска допатува во Симферопољ на Крим и додаде дека тој е легитимен и законски претседател и не извршил никакви кривични дела.
Украинското главно обвинителство на 28 февруари соопшти дека ќе покрене процедура за екстрадиција на Јанукович во Украина.