Обвинителството ја повлече поканата за уредничката на ТВ Телма

Обвинителството ја повлече поканата за уредничката на Телма телевизија Весна Јованосвска Дојчиновска, по силниот притисок од медиумските здрженија и јавноста.

Обвинителството го контатирало пропустот од надлежниот обвинител кој го водел предметот дека станува збор за техничка грешка, односно дека снимките во пријавата се однесувале на друг медиум.

Ваквите зачестени случаи на новинари кои се повикуваат на информативни разговри во полиција доведоа до тоа обвинителството и истражните органи да го прифаата предлогот на новинарските здруженија за формирање на посебни одделение со кои би се избегнале ваквите несмасни случаи.

Јовановска Дојчиновска, по наредба на обвинител, беше повикана на распит за информација која воопшто не е објавена на ТВ Телма и на дигиталните сервиси на телевизијата.