Обвинителството бара куќен притвор за Елена

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ и за Елена Доцевска-Божиновска, вработена во Собранието на Република Македонија, која е меѓу осомничените за настаните од 27 април.

Претходно, Обвинителството соопшти дека доставило барање до Кривичниот суд во Скопје на пратеничката Жаклина Пешевска да и биде заменет куќниот притвор со мерки на претпазливост, а на Игор Дуловски притворот да му биде заменет со куќен притвор.

За останатите осомничени за настаните во македоското Собрание се бара продолжување на веќе изречените мерки.