![асим](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/mkd-439947.jpg?resize=585%2C355&ssl=1)
Основното јавно обвинителство во Струга отворило предмет за случајот со митото за заменик министерот за здравство Асим Муса и ќе ги бара оригиналните снимки од албанската ТВ станица Топ ченел.
Телевизијата објави снимка на која се гледа како заменик министерот за здравство Муса добива 50 евра како аванс, за да организира операција на пациент од Албанија (новинар со прикриен идентитет) за 1.000 евра.
Муса денеска поднесе оставка на функцијата и рече дека станува збор за стапица и медиумско дивеење со бомбастични наслови и дека не се точни наводите на прилогот.