Обвинителството на БиХ формира предмет против Додик

Обвинителството на Федерацијата Босна и Херцеговина формира предмет против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој минатата седмица поднесе кривична пријава против себеси за усвојување на Законот за неспроведување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина во Република Српска.

Додик, зборувајќи за пријавата против себе и неговите соработници, рече дека се одлучил на тој чекор, бидејќи никој од Федерацијата БиХ не го пријавил, пренесува порталот Независне новине, а Обвинителството на БиХ соопшти дека немало други пријави кои се однесуваат на наведеното, освен онаа на Додик.

„Од претходно, во работењето има повеќе предмети во кои Додик Милорад е во својство на пријавен или осомничен за различни кривични дела“, соопшти Обвинителството на БиХ.