
Една од манипулациите е скандализирањето зошто Звонко Муцунски, македонскиот амбасадор во Турција, бил присутен на прелетот на Груевски до Малта преку Истанбул.
Но, фактите покажуваат сосема друго. Дипломатите кажуваат дека се работи за стандардна и вообичаена процедура.
Амбасадор може да пречекува било кој значаен политичар- може да е и од власта и од опозицијата. И без разлика дали е на позиција во моментот. Може да е и поранесен претседател или премиер.
Амбасадор ја преставува државата, не власта или опозицијата. Дел од државата се и власта и опозицијата. Тоа е и пракса во сите други држави.
На пример, поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ при неодамнешната посета на Скопје беше придружуван од хрватскиот амбасадор и се возеше со службениот автомобил во кој доживеа и помала сообраќајна несреќа. Користењето на ресурсите е случај и со другите држави во светот.