Очајната СДСМ застанува позади Левица и се движи кон пропаст

Во својата најнова колумна за „ПлусИнфо“, новинарот Бранко Героски анализира дали СДСМ се обединува зад Левица на Димитар Апасиев.

Според Героски, ова сојузништво е повеќе политичко отколку идеолошко и иронично прашува дали тоа може да биде прифатливо за американската амбасадорка Агелер?!

Тој критички се осврнува и на моменталната состојба во СДСМ, нагласувајќи дека партијата е значително изменета и упропастена во последните десет години.

-Иако на некои им е тешко да поверуваат во тоа, кај мене, кога е во прашање СДСМ, нема ни грам злоба. Бидејќи оној СДСМ што јас го познавам од едни други времиња, да не речам оној СДСМ што јас го замислувам, сигурно не се луѓето кои во последните десеттина години го обезличија и го упропастија, пишува тој.

Героски предупредува дека ваквите потези можат да доведат до “пасокизација” на СДСМ, односно до губење на поддршката и влијанието, како што се случи со грчката партија ПАСОК.

ВМРО-ДПМНЕ веќе изрази дека нема да поддржи смена на Гаши, што Геровски го гледа како чин на зацврстување на довербата меѓу коалициските партнери во власта.

-ВМРО-ДПМНЕ веќе се огласи дека нема да поддржи смена на Африм Гаши. Така би постапила секоја одговорна политичка партија – еден банален инцидент, па и повеќе такви, сепак не се доволна причина да се растури нешто што е составено со добра мисла и со многу труд. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е чин на зацврстување на довербата меѓу коалициските партнери во власта. А Бихаќка има избор – нека си гласа за интерпелацијата на Левица! Ионака Димитар Апасиев пред изборите најави дека многу брзо неговата партија ќе го преземе приматот од Бихаќка, а СДСМ ќе се „пасокизира“, пишува тој.