Очекувањата во германската економија влошени на почетокот од годината

Деловната клима во Германија се влошила и во јануари, втор месец со ред, отсликувајќи ја значително поизразената неизвесност меѓу компаниите, објави во четвртокот институтот Ifo, кој заклучува дека германската економија е во рецесија.

Индексот на деловната клима на Ifo е намален во јануари за 1,1 поен во однос на благо намалената вредност од декември, на 85,2 поени, објави Ifo.

Компаниите го оценија своето сегашен деловно работење полошо отколку во декември, а нивните очекувања за следните шест месеци се уште попесимистички, покажува истражувањето.

„Германската економија е заглавена во рецесија“, заклучува претседателот на Ifo, Клеменс Фуест.

Германскиот бруто домашен производ (БДП) паднал во четвртиот минатогодишен квартал за 0,3 отсто во споредба со претходните три месеца кога стагнираше. Во средата, Ifo ја намали проценката за растот за оваа година на 0,7 отсто, посочувајќи дека намалената државна потрошувачка ќе значи помала поддршка за граѓаните и компаниите.

Климата во услужниот сектор значително се влошила на почетокот на годината, пред сѐ, како одраз на значително полошата оцена за тековното работење. Компаниите се особено загрижени за неисполнетите нарачки, а нивните очекувања се, исто така, нешто попесимистички.

Во трговскиот сектор, на почетокот на годината владееше најслабата атмосфера од октомври 2022 година, што одразува помало задоволство од моменталната деловна состојба и полоши очекувања, како во малопродажбата, така и во трговијата на големо.

Во градежништвото, деловната клима продолжува да се влошува, со лоша проценка на моменталната состојба и уште потмурни очекувања за следните шест месеци.

Исклучок е индустријата со малку подобрена атмосфера, со подобра проценка на моменталната деловна состојба и ублажените песимистички очекувања, покажува истражувањето.

„Несигурноста меѓу компаниите е значително зголемена“, вели во коментарот за Reuters Ројтерс Клаус Вохрабе, шеф на истражувањеto во Ifo.