Цените на нафтата пораснаа во средата на меѓународните пазари кон 81 американски долар за барел, имајќи предвид дека трговците очекуваат проблеми во најавеното скромно зголемување на испораките и благо влијание на омикрон варијантата на коронавирусот врз побарувачката.
На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 65 центи во однос на затворањето на претходниот трговски ден, на 80,65 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 56 центи повиска цена отколку во вторникот, од 77,55 долари.
Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) на својата интернет страница објави дека барелот од референтната кошница нафта на нејзините членки во вторникот чинел 78,93 долари, што значи дека поскапел за 93 центи во однос на претходниот трговски ден.
Во фокусот на пазарите се OPEC и групата независни произведувачи предводени од Русија кои во вторникот одлучија дека во февраури ќе го зголемат производството за 400.000 барели дневно, како и во претодните месеци, почнивајќи од ланскиот август.
Иако OPEC+ ја подигна зацртаната граница на производството, веројатно тешко ќе ја достигне имајќи предвид деак членките како што се Нигерија, Ангола и Либија, тешко на пазарот понудуваат дополнителни барели, наведуваат аналитичарите на банката „Barclays“ во својата белешка за коминтентите.
„OPEC+ се реши за линијата на помал (политички) отпор и продолжува да го подигнува целеното ниво на производство, додека стварното зголемување на испораките ќе биде далеку помало, како и влијанието на омикрон врз побарувачката“, напишале аналитичарите.
Стручњаците за нафтениот пазар во „Barclays“ во 2022 година очекуваат просечна цена на нафтата на лондонскиот пазар од 80 долари, пренесува Reuters.
Кочница за цените беше остриот раст на резервите во сАД минатата седмица за дури 7,1 милиони марели според извештајот на Американскиот институт за нафта (API), објавен во вторникот вечерта. Пораснале и резервите од деривати, за 4,4 милиони барели. Владата официјалните податоци ќе ги објави подоцна во средата.
Расположението на пазарите, сепак, го помати и податокот за речиси милион заразени во САД во понеделникот, најмногу во еден ден во сите земји во светот од почетокот на пандемијата и речиси двојно од нивото од една седмица претходно.