Очекувано од СДС и за пожарот во Универзална сала да нема виновен, нема ниту извинување од Ковачевски и Стојчевска

-Како и за се досега, власта не е виновна за ништо, но симболот на Скопје изгоре, а изгоре затоа што СДС 7 години ја претворија во руина, градежен објект кој никако да се заврши, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС ако не беше криминална ќе ја реконструираше Универзална сала до сега.
Наместо да има реконструирана Универзална сала, СДС потонаа во тендери, а тендерите како и секогаш ги добиваат нивни блиски.
Наместо реконструирана Универзална сала, имаме тендери и изведувачи блиски до СДС, затоа и нема одговорност. Но, Ковачевски и Стојчевска да не се надеваат дека одговорноста за Универзална поминала покрај нив. Одговорност ќе има, веднаш по преземањето на власта, ќе биде ревидиран целиот случај. Време е државата да ја вратиме на народот. Македонија повторно горда, велат од партијата.