Големиот пожар во Старо Нагоричане ја зеде првата жртва, тврдат очевидци за ТВ 24.
Како што сведочат тие, жена обидувајќи се да се засолни од огнот се заклучила во куќата и не успеала да се извлече пред пламените јазици.
За случајот нема официјална потврда од полицијата. Моментално, тие немаат пристап до куќата поради пожарот којшто сè уште беснее.