Според податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.124 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 53, Битола – 8, Тетово, Охрид и Берово – по 2, Куманово, Прилеп, Штип, Кочани и Гевгелија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (72), има 20 реинфекции.
Регистрирани сe 54 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Штип – 5, Охрид – 4, Битола и Берово – по 3, Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од: Охрид (82г) и Велес (74г). Едно лице во домашни и едно во болнички услови. Лицата починале во период од 24.05 до 28.05.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.058.297 тестирања, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 312.157, на оздравени пациенти е 302.344, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 504.