![zabrana](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/09/zabrana.jpg?resize=696%2C320&ssl=1)
На седница на Управниот одбор на Здружението за заштита на авторски музички права на Србија – СОКОЈ се одлучи да се забрани користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија
Согласно известувањето оваа забрана стапува на сила почнувајки од 01.10.2016 година, а ЗАМП Македонија е овластена да ги превземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на СОКОЈ, а врз основа на склучеиите мегусебни договори за реципроцитет.
ЗАМП потсетува и на забраната за емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување од репертоарот на ЗАМП која влезе во сила на 20.09.2016 година, а врз основа на претходна Одлука на Собранието и Управниот одбор на ЗАМП од 19.09.2016 година.
Како што стои во известувањето на СОКОЈ Србија причините за донесување на Одлука за забрана на користење на репертоарот на СОКОЈ произлегува од фактот дека со издадената Дозвола од страна на Министерството за култура на Р.Македонија на организацијата СОКОМ МАП и предложениот од нивна страна Правилник со тарифа за користење на авторски музички дела е направено намалување за 50% во однос на јавното соопштување на авторските музички дела споредено со предлогот на ЗАМП, а пак во делот на емитување и реемитување предлогот е за околу 100% понизок.
Оценката е дека ваквата тарифа не е праведна спрема авторите и носителите на права. односно дека истата е симболична и иеколкукратно пониска од онаа во Европа а посебно од надоместокот во земјите во регионот. со што надоместокот за творештвото на членовите на СОКОЈ се обезвреднува.
За спроведување на овие забрани. од еграна на ЗАМП е ангажирана независна мониторинг агенција која е задолжена да го евидентира користењето на авторските музички права односно евентуалните повреди на авторските права на членовите и штитениците на СОКОЈ Србија и ЗАМП Македонија.