Од 1 јули повторно ќе има дневна евтина тарифа на струјата?

-Можно е граѓаните повторно да користат евтина дневна тарифа на струја, и тоа од први јули. Владата и регулаторите работат на тоа, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
„Заедно со Регулаторната комисија за енергетика работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од први јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори, каде пиковите главно се преку ден“, изјави тој. Додаде и дека би можело да има вишок на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај до октомври годинава.
Анализата за справувањето со енергетската криза веќе е подготвена, но се чека во текот на идната недела директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, да ги изнесе деталите околу ова во јавност.