Од 15 декември нова листа на производи за новогодишната потрошувачка кошничка

Стотици прехранбени производи се најдоа во новогодишната кошничка, која Владата ја подготви како поддршка за граѓаните во пресрет на празниците.

Мерката стартува од 15 декември и ќе трае до 15 јануари. Истата се носи во консултација со бизнис секторот.

Детали за новогодишната кошничка ќе соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Како што соопштија од владината прес-служба, новогодишната потрошувачка кошничка се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.

Листата на производите кои се најдоа во новогодишната потрошувачка кошничка, може да се види ТУКА.