Од 150 до 160 лица го губат животот во сообраќајни несреќи

Сообраќајка во Киела Вода, едено лице повредено
Сообраќајка во Киела Вода, едено лице повредено

Статистиката покажува дека во 2018 година во земјава загинале 133 лица, а според неофицијалните податоци годинава се очекува бројката да изнесува околу 130 загинати. „Само годинава се случија неколку сообраќајни несреќи со поголем број загинати и повредени лица што ја прави ситуацијата уште полоша“, изјави претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, безбедноста на сообраќајот, РСБСП, Гордана Кожуваровска.

РСБСП традиционално денеска им врачи благодарници на поголем дел од медиумите без кои, како што рече Кожуваровска, не би можела да се подигне јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот.

На светско ниво, според статистиката на Светската здравствена организација, годишно животот во сообраќајни несреќи го губат околу 1,3 милиони лица, а околу 50 милиони се повредени.