Лидерите на десетте членки на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН), се договорија да ги зајакнат мерките за финализирање на проектот со кој во декември следната година и формално ќе профункционира Економската заедница на АСЕАН. Ова беше договорено на двнодневниот Самит, кој се одрќува во Мјанмар.
Досега се завршени 80 отсто од подготовките, и се чека регионот од 600 милиони жители, каде се наоѓа над 15 отсто од светската економија да почне да функционира како единствен пазар.
До декември следната година, покрај завршувањето со подготвките, треба да бидат потпишани и догворите за соработка со Јапонија, Нов Зеланд и Австралија. Овие три држави, веќе побарале статус на придружни членки.
Секретаријатот на АСЕАН објави дека деновиве ќе профункционира заедничка интернет платформа со која потенцијални инвеститори во мали и средни компании ќе се информираат и ќе добијат логистичка поддршка за остварување на нивните планови. „Invest in ASEAN“ ќе биде еден од најобемните и најкомплетни сајтови за информирање, посредување и спроведување на инвестициски активности во овој регион.
АСЕАН ја сочинуваат Филипините, Малезија, Сингапур, Брунеи, Индонезија, Тајланд, Лаос, Камбоџа и Мјанмар, кој една година ќе претседава со Асоцијацијата.