Од 2024 година ќе се намали бројот на директори и членови на Управните одбори во јавната администрација

Кратење на директорски места , членови на управни одбори, затворање или спојување на агенции кои имаат исти надлежности, сето ова се планира со реорганизација на администрацијата, најавена за 2024. Ресорниот министер уверува дека нема да има отпуштања по министерствата, бидејки како што вели има дефицит на вработени.

– Ќе се намали бројот на директори и на членови на Управни одбори, а не на вработени. Ќе имаме дефицит на вработени во централната власт. Вработените ќе останат, а ќе има директори кои во 2024 година нема да бидат повеќе на таа позиција, вели Адмирим Алити.

Реформите во администрацијата се неопходни, порача евроамбасадорот Гир, иако , признава , се работи за политички процес кој е исклучително чувствителен.

Веке се направени пилот проекти за реорганизација во три министерства за земјоделство, економија и информатичко општество со цел да се постигне ефикасности и транспарентност, но и да се избегнат досегашните лоши практики.

Пилот проектите се спонзорирани од ЕУ, преку Ипа фондовите.