Од 21-ви септември директна авионска линија Санкт Петрбург – Скопје еднаш седмично, промена во летовите до Москва

Руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс“ од 21-ви септември воведува нова авиолинија Санкт Петрбург – Скопје.

Компанијата соопшти во четвртокот дека летовите ќе се одвиваат еднаш седмично, секој вторник.

Од 29-ти септември, „Нордвинд Ерлајнс“ планира да ја зголеми и фреквенцијата на летови од Москва до Скопје.

Директни летови Москва – Скопје ќе има трипати во седмицата, и тоа секој понеделник, среда и петок.