Од 8-ми април архивата на АВМУ ќе работи од 9 до 14 часот

Согласно донесената одлука на Владата, за забрана и посебен режим на движење на населението (полициски час) на целата територија на државата, архивата на Агенцијата, почнувајќи од утре, ќе работи со изменето работно време од 09:00 до 14:00 часот.

Како и во изминатиот период, сите субјекти, правни и физички лица, целокупната документација во јасно читлива скенирана форма, можат непречено да ја доставуваат и преку е-адресата: [email protected]. Документацијата ќе се смета за уредно доставена, за што испраќачот ќе биде повратно известен.

Ваквиот начин на работење на Агенцијата останува на сила до завршување на ограничувањата пропишани од Владата.