Од 894 тестови регистрирани 110 нови ковид случаи, нема починати

Una enfermera sostiene un bastoncillo mientras realiza una prueba PCR. EFE/Marcial GuillÈn/Archivo

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестови, а регистрирани се 110 нови случаи на КОВИД-19. Во Скопје – 72, Битола – 8, Куманово – 6, Кавадарци, Штип и Неготино – по 4, Кочани – 3, Прилеп и Гостивар – по 2, Струмица, Кичево, Струга, Ресен и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (110), регистрирани се 18 реинфекции.

Има 42 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Кочани и Охрид – по 2, Кавадарци, Штип, Тетово и Гевгелија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.074.132 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.160, на оздравени пациенти е 303.396, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 442.