По фудбалските селекции на Сенегал и Катар, на Светското првенство коешто од 21-ви ноември до 18-ти декември годинава ќе се игра во Катар, од Африка пласман изборија и Мароко, Тунис и Камерун.
Најубедливо во дуелите играни од вторникот кон средата по македонско време до Мундијалот дојдоа фудбалерите на Мароко. По 1:1 на првиот дуел во гости, на реваншот на домашен терен во Казабланка го совладаа ДР Конго со 4:1.
На полувремето беше 2:0 за Мароко, со головите на Унахи и Тисудали. Во продолжението повторно стрелец беше Унахи а во 69 минута Хакими погоди за 4:0. Почесниот гол за ДР Конго го постигна Маланго во 77 минута.
Тунис како домаќин во Радес одигра 0:0 со Мали, но тоа беше доволно за пласман, имајќи предвид дека Тунижаните на првиот дуел славеа со 1:0.
Интересен и шокантен беше реваншот меѓу Алжир и Камерун. Алжирците во првиот дуел како гости славеа со 1:0, но Камерунците возвратија во регуларните 90 минути со голот на Чупо-Мотинг во 22 минта. Во продолжетоците немаше голови до 118 минтуа кога настана делириум на стадионот по голот на Тоуба. Секундите го делеа Алжир од патувањето во Катар, но шокот следеше во 124 минута, кога Токо-Екамби погоди за 2:1 и победа на гостите и пласман на Камерун на Светското првенство.
Претходно селекциите на Сенегал и Гана во вторникот вечерта остварија пласмани на Светското првенство, откако беа севкупни победници во завршната рунда од африканските квалификации.
Сенегал на домашен терен го победи Египет по подоброто изведување на пеналите со 3:1. По првиот натпревар беше 1:0 за Египета, а со ист резултат славеше и Сенегал во реваншот во Дијамнијадија, а погодокот беше автогол веќе во 4 минута на Хамди Фати. Во преостанатите 116 минути немаше погодоци, а Египќаните страшно потфрлија при изведувањето на ударите од белата точка. Тројца беа непрецизини, меѓу нив и Мохамед Салах, додека неговиот соиграч од Ливерпул, Садио Мане, беше прецизен за конечното славје на Сенегал.
Неодамна овие две селекции играа во финалето на африканскиот Куп на нациите. И тогаш победникот беше решен во пенал-серијата, и тогаш Сенегал беше поуспешен.
Фудбалерите на Гана го славеа пласманот на Светското првенство на гостинскиот терен во Абуџа, каде одиграа 1:1 со домашната Нигерија. Првиот меч заврши без головои, но бидејќи ФИФА уште не го поништи правилот за гол во гости, Гана врз основа на ова правило ја оствари големата цел.
Уште во 10 минута Гана поведе со голот на Партеи, но најголемите заслуги за овој гол одат кај домашниот голман Узохо кој почетнички згреши. До крајот на мечот Нигерија успеа да израмни, а голот го постигна Торе-Еконг од пенал во 22 минута, но не успеа да постигне и втор погодок кој ќе ја одведеше во Катар.