Од AstraZeneca ги отфрлија како неточни извештаите за неефикасноста на нејзината вакцина

10 December 2020. EPA-EFE

Англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca Plc“ ноќта кон вторникот соопшти дека „целосно се неточни“ извештаите на некои германски медиуми дека вакцината против Covid-19 која ја изработи во соработка со Универзитетот Оксфорд не е доволно ефикасна кај лица повозрасни од 65 години.

Деловниот германски деловен дневен весник Handelsblatt и влијателниот дневен таблоид Bild во засебни написи во понеделникот ноќта на своите електронски изданија објавија дека во германската влада стравуваат дека Европската унија нема да ја одобри вакцината на „AstraZeneca“ поради тоа што таа наводно имала ефикасност помала од 10 отсто кај популацијата над 65 години.

Во написите на двата весника беше наведено дека таквите информации се добиени од извори во владејачката коалиција, која стравувала дека Европската агенција за лекови (ЕМА), како што беше најавено, во петок 29-ти јануари нема поради споменатиот податок да даде одобрување за вакцината на „AstraZeneca“ за споменатата возрасна група.

Тоа би се надоврзало на проблемот предизвикан од самиот производител, кој најави дека ќе има значително доцнење во испораките на вакцината. Од „AstraZeneca“, најавија дека наместо 80 милиони, ќе може да дистриубуираат во ЕУ во прво време само 31 милион дози, што е доволно за 15 милиони луѓе, бидејќи и оваа вакцина се дава во две дози.

Минатиот петок „AstraZeneca“ изненандувачки ја извести Европската унија дека нема да може следните седмици да ги испорача количествата вакцини според договорот кој го потпиша со Европската комисија, која закупи 400 милиони дози.

Европската унија не е задоволна со објаснувањето на компанијата, а европската комесарка за здтравство, Стела Киријакидес во понеденлникот изјави дека „ЕУ сака нарачаните и платени дози од вакцината да бидат испорачани што поскоро и сакаме договор да биде во целост испочитуван“.