Од цитостатици до бижутерија, што се заплени Царината минатата недела

Цитостатици, бижутерија, цигари, техничка стока и обувки се дел од стоките кои Царинската управа ги заплени изминатата недел.

На граничниот премин Деве Баир запленети се 18 паковци различни видови на цитостатици, конценрати и солуции за подготовка на инекциски раствори. Лековите биле сокриени во текстилни производи во автомобил со бугарски таблички, а управуван од македонски државјанин. Вредноста на лековите се проценува на 70 илјади денари.

На преминот Ново село откриени се 3,624 парчиња бижутерија во бугарски автоммобил вредни 200 илјади денари.

Повеќе од 12 штеки цигари Pall Mall, LD и Trokadero, со македонски акцизни маркички се откриени на царинската испостава Делчево-

Дваесет и три употребувани авторадио-ЦД уреди, од марките „Kenwood“, „Sony“, „PIONEER“, „Clarion“, „JVC“ и „Alpine“, откриени на царинската испостава Меџитлија-патнички промет, при контрола на патничко возило со грчки регистарски таблички управувано од албански државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавената стока била сокриена во просторот за резервна гума на возилото.

Над 900 пара машки обувки со ознаки на заштитена трговска марка, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 2.

Пазарната вредност на сомнителната стока е проценета на околу 2,7 милиони денари, доколку би се продавала како оригинал.