
Како последица на компликации предизвикани од Covid-19, на 63-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев, кој во два наврата по два мандата раководеше со општината.
Информацијата за МИА ја потврдиле негови блиски и Петар Мојсов, поранешен претседател на демиркапискиот Совет на општина.
Блиски на поранешниот градоначалник рекле дека Димитриев прво бил во болница во Кавадарци една седмица, па во Скопје. Последните денови состојбата му се подобрила, но потоа нагло се влошила по што починал.
„Зошто најдраг пријателе, зошто нѐ напушти прерано, а сѐ уште сонуваше да создаваш за Демир Капија? Твоите дела за твојата драга Демир Капија останаа за век и векови, ти замина во вечноста, а сепак ја остави вечноста меѓу сите нас. Ми беше чест што те имав за пријател и ти бев прв соработник. Почивај во мир, шефе“, напиша Мојсов на својот фејсбук-профил,