Од денеска почнуваат градежни активности на Државен пат А1, од Демир Капија кон Неготино.
Поради оваа причина ќе се изврши промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија.
Сообраќајот ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1102, соопшти АМСМ.