Од денес до 20-ти август: Поради градежни работи прекин во сообраќајот на патниот правец Маврови Анови ќе има само во работни денови во овој дел од денот

На патниот правец Маврови Анови, село Галичник поради изведување градежни работи, односно асфалтирање, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 10 и 16 часот.

Како што информираат од АМСМ работите ќе се изведуваат само во работни денови, почнувајќи од денеска до 20. овој месец.