Од денеска до 20 септември – Културно забавна програма Ѓорче 2024

Од денеска (29 август) со почеток од 19.30 часот во реонскиот парк започнува празнувањето на општината Ѓорче Петров. Со настан насловен „На корзо во Ѓорче „пред платформата Тинекс и настап на бендот „Retro Vibes “, повеќе генерации ќе можат да уживаат во богатата културно забава програма која ја подоготви општината Ѓорче Петров за своите граѓани.

„Во сабота жителите ќе уживаат во Кино на отворено на игралиштето „Бранители“ во Волково со почеток од 19.30 часот, а ќе биде прикажан филмот „Те дуа жими мене“ во режија на Марјан Гвриловски.

Недела е ден за последните подготовки пред учебната година, па затоа подготвивме забава за најмладата публика. Фестивалот за детски песни „Јаболчиња“ како еден од најдобрите во Македонија ќе се погрижи за доброто расположение на дечињата во реонскиот парк со почеток од 13 часот.

За љубителите на автомобилската историја на корзото во Ѓорче од 14 часот ќе бидат изложени над 60 модели на историски возила, стари над 40 години, а изложбата ќе биде од меѓународен карактер со возила од соседните земји (Србија, Бугарија, Косово, Хрватска).

Денови на општината Ѓорче Петров“ ќе траат се до 20 Септември, и ги повикуваме сите граѓани на општината Ѓорче Петров и пошироко да бидат дел од богата културно забавна програма која ја подготвивме“, информираат од општината.

Програма

29.08 (четврток)  19:30    „На корзо во Ѓорче” настап на бендот „Retro Vibes                                                                (реонски парк – платформата Тинекс)

31.08. (сабота)   19:30   Кино на отворено , филм „Те дуа жими мене”

(Волково, игралиште „Бранители”)

01.09. (недела )  13:00   Детски фестивал „ Jаболчиња ” (реонски парк)

14:00   „Автомобилска историја“-изложба (реонски парк – коцка -Корзо)

04.09. (среда)  18:00   „Ден на семејството” Концерт на Здружение за поддршка на

палијативни пациенти и нивните семејства „Палиум”   (реонски парк)

05.09.(четврток)   19:30 „На корзо во Ѓорче” настап на бенд (реонски парк – платформата Тинекс)

18:30 Инклузија преку културата „Сите сме исти” (ЗГ „Порака Неготино – Неготино“)

место: реонски парк

06.09. (петок)  19:30 Кино на отворено, филм „Стела” (Мултифункционално игралиште „23 Октомври”,

(н. Даме Груев)

07.09. (сабота)   19:30 Кино на отворено , филм „ Ах љубов моја”                                                                                       (Мултифункционално игралиште „23 Октомври”, н. Даме Груев)

08.09 ( недела) ГЕГЕ Куп 2024  ( 08.09-20.09)  (Мултифункционално игралиште „23 Октомври”, Даме Груев)

12.09. (четврток)   19:30 „На корзо во Ѓорче” настап на бенд  реонски парк – платформата Тинекс)

13.09 (петок)   19:00  Мјузикл за деца и младинци „ Приказната за генијалната Матилда” – КРЕО АКСИС

(место: реонски парк)

14.09 (сабота)   18:30 Фестивал на уличен театар „Баскер фест” (реонски парк)

15.09 (недела)  12:00-14:00 Звуци на традицијата  „Од Бистра преку Дервен до Ханриево”    (реонски парк, Корзо , Тинекс)

18.09 (среда)   19:30  „Звуци на културата во Ѓорче  2024“ ( реонски парк – платформата Тинекс) Даниел Данн,,Мијата

Brass Brothers, Куку леле

19.09 (четврток)     19:30 „На корзо во Ѓорче” настап на бенд  ( реонски парк – платформата Тинекс)

20.09 (петок)       19:00   Ден на Општина 20 Септември „Mузика и забава за сите генерации“ 

(реонски парк – платформата Тинекс)