На синоќешната владина седница беше донесена одлукаѕа за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од среда, 5-ти мај, забраната за движење наместо од 21 часот ќе започнува од 23 часот и ќе трае до 5 часот наредниот ден.
Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22,30 часот, и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.
„Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2“, се наведува во соопштението.