Од денеска портокалова фаза за опасност од висока температура

Од среда со дополнителен пораст кај дневната температура Македонија влегува во ткн „портокалова фаза“ за опасност од висока температура. Ќе се задржи сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 10.

Утринската температура во западните повисоки области се движи околу 13 степени а на крајниот југ 23 степени, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 28 и 40 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.