Од денеска во Србија почнува производството на „Спутник В“

Авион од Русија со компоненти за руската вакцина „Спутник V“ синоќа слета во Белград, јави Српската радиотелевизија.

Производството на руски вакцини „Спутник V“ против корона вирусот започнува денеска во Институтот за вирусологија „Торлак“ .

На свечената церемонија ќе присуствуваат високи државни претставници на Србија и Русија, напиша министерот без ресор Ненад Поповиќ на Твитер.

Поповиќ рече дека вакцината „Спутник V“, која ќе се произведува во Србија, ќе биде наменета првенствено за домашниот пазар.

„Но, се разбира, Србија ќе им помогне на сите во регионот за почеток, но исто така и на другите во светот“, рече Поповиќ порано за РТС.