Од дното на швајцарско езеро украдени 230 литри џин

Во Швајцарија од дното на Боденското езеро (Констанца_ на границата со Австрија и Германија украдена е челична кугла со 230 литри во неа складиран џин, објави порталот Iamexpat.

Производителот, компанијата „Ginial“, го потопилa пијалокот на дното на езерото на 100 дена пред флаширањето за да внесе уникатна арома на алкохолот. Џинот е бил претурен во челична топка тешка 800 килограми приврзана за бетонски блок.

Кога вработените на компанијата заминале да го извлечат товарот, не можеле да го пронајдат на предвидените координати. Меѓутоа, по два дена потрага на нуркачкиот тим ми станало јасно дека ќе мора да пребаруваат поголема област. Бил ангажиран и комерцијалниот професионален нуркач Роџер Ајхенвергер и езерската полиција, но сите обиди да биде лоцирана челичната топка се покажале безуспешни, а за што се дознале минатиот петок.

Во потрагата биле вклучени и нуркачи кои требало да утврдат што се случило со содржината на челичната топка. Истрагата дошла до заклучокот дека пијалакот е украден.

Челникот на компанијата производител, Село Фиш, изјавил дека крадците бездруго се професионалци и појаснил дека за да се подигне од дното вредниот товар вкупно тежок повеќе од една тона потребни се чамци и специјална опрема.

Покрај тоа, компанијата соопшти дека се соочува со уште еден проблем од оваа кражба. Имено, во куглата имало количество за речиси 400 шишиња со џин, од кои повеќето се однапред продадени, а сега клиентите нема да можат да го добијат платениот пијалак навреме.

Тука е и прашањето за осигурување, бидејќи случајот е толку невообичаен и нејасно е кој ќе плати за загубата и оштетувањето на топката којашто исчезнала.

Полицијата сѐ уште врши увид во обид да открие што се случило со челичната топка полна со џин. Апелира истовремено да се јават сите потенцијални очевидци или оние кои имаат некакви сознанија за необичната кражба.