Сопственикот Н.Ш. (33), кој го поседувал пиштолот со дозвола, го пријавил случајот вчера, околу 13 часот, во полициската станица Бит Пазар.
Кражбата се случила во периодот од 9 јануари до 16 април годинава. Разбојникот влегол во неговиот дом и од незаклучената помошна просторија го одзел пиштолот.
СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.