Икона била украдена од Домот на културата во Пробиштип.
Вчера во 15.25 часот во полициската станица Пробиштип, било пријавено дека во текот на минатиот месец до денот на пријавување, од просториите на Домот на културата „Злетовски Рудар“-Пробиштип од страна на непознат сторител одземена е фреска-икона „Св.Петар.
Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 15.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.