Фондот за криминални иновации на СДСМ им служи како приватна фирма единствено за испумпување пари, изјави на прес-конференција во неделата портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Според него, семејството на премиерот Зоран Заев и неговата СДСМ преку „Фондот за криминални иновации“ испумпаа над 10,5 милиони евра пари на граѓаните. Арсовски како пример ги повтори податоците дека фирмата „ПАУЕРАД ИНТ“ ДООЕЛ СТРУМИЦА, блиска до Заеви кои и биле коосновачи, добила грант од 220.000 евра.
Но она што е скандалозно, како што посочи портпаролот на опозициската партија, е дека апликацијата за рекламирање на фирми преку автомобили, за која се доделени овие 220.000 евра била украдена и ископирана. Прецизираше дека апликацијата и идејата се украдени од американска фирма која е оперативна и функционира од пред 2015 година.
Затоа прашуваме, што е иновативно во оваа украдена идеја за да се доделат 220.000 евра? СДСМ е иновативна единствено во крадењето. Ова не е прв случај да додели Заев на негови блиски стотици илјади евра за украдена апликација. СДСМ и Заеви сѐ уште молчат за сопствеништвото на фирмата Еленица во периодот кога фирмата „ПауерАД“ аплицирала за грантот. Да потсетиме дека фирмата е отворена на 09 февруари 2018 година. Повикот за аплицирање е објавен на 24 април истата година. А, јавниот повик траел до 11 јуни 2018, потенцираше Арсовски и подвлече:
Посочи и дека семејеството Заеви со нивната компанија „Еленица“ излегуваат од фирмата и му ја оставаат на актуелниот сопственик на 7-ми август 2018 кога во ек е најголемиот скандал со криминалните иновации. Арсовски притоа вети дека одговорност за тоа ќе има по смената на власта.
Арсовски на прес конференцијата презентираше фотографии како доказ.