Контингент од 18 борбени тенкови од типот „Leoprad 2“, кои Германија вети дека ќе ги испрати во Киев за да ја поддржи Украина во војната против Русија, е предаден на украинската граница, објави Spiegel повикувајќи се на неименувани извори.
Според медиумот, на Украина и се предадени и околу 40 пешадиски борбени возила од типот „Marder“.
На 25-ти јануари германската влада одобри испраќање тенкови „Leopard 2“ во Украина, како и нивен повторен извоз од земјите партнери.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус по таа одлука изјави дека тенковите ќе бидат испорачани пред крајот на март.