Откако не добиле одговори од Министерството за образование на нивните барања и затоа најавија дека ќе организираат протести низ градовите од внатрешноста и протестен марш во Скопје, известија од граѓанската иницијатива „Учебници мора да има“најавија протести.
По оваа нивна најава, ресорното министерство преку сооштение до медиумите испрати одговори.
„Важно е да се напомене дека дигитализацијата на материјалите за учење се воведува етапно. Започнува со четврто одделение наредната учебна година, а секоја наредна ќе се опфаќа ново повисоко одделение и ќе се заокружи во следните 5 до 6 години. Законското решение предвидува за учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник“, се вели во реакцијата.
Ова значи дека Министерството за образование и наука не ги прифати барањата на иницијативата за повлекување на предлог законот за учебници и негово ревидирање преку јавна дебата.