Од хаосот произлегува редот

Се’ е така како што треба да биде, а негодувањето против постојната состојба претставува и негодување против Бога и неговата волја. Правилото дека нашето дејствување треба да се насочи кон иднината, а не кон однапред загубените обиди за менување на сегашноста, многу полесно се прифаќа ако се земе во превид фактот дека од хаосот секогаш без исклучок произлегува редот.

А, од хаосот во Македонија и тоа како произлегува редот.

Земјата од која што светиот Апостол Павле почна да го шири христијанството во Европа, 2000 години подоцна и самата се јавува како заштитник на светлината и вистината и како земја чиј народ уште еднаш гордо и гласно, во планетарната битка меѓу доброто и злото, застана на страната на првото. И како земја која што денеска иако мала по територија, сепак и натаму ги добива битките против империјалистичката машинерија која што агресивно се обидува да го зачува унилатералниот светски поредок со еден центар на моќ. Како што некогаш ги отвори портите на Европа за христијанството, Македонија сега повторно е во првиот борбен ред, осигурувајќи сигурен премин за новиот и неизбежен мултилатерален светски поредок.

И токму од македонската престолнина Скопје низ сиот свет одекна веста за монструозните сценарија и валканите игри што западот, до скоро предводен од администрацијата на Барак Обама, ги спроведува во регионот со цел создавање на голема Албанија. И како поинаку ќе ни се разоткриеше гнилоста и расипаноста на „демократскиот“ Запад, чии амбасадори предводени од шерифот во обид Џес Бејли и нивниот партнер Џорџ Сорос, работат на уривање на вредностите на народот и инсталирање на марионетскиот лидер Зоран Заев од СДСМ за премиер, со крајна цел распарчување на државата. За постигнување на оваа цел не се избираат средства, од насилни опозициски протести и вандализам, па со до терористички напади и отворени закани за федерализација. Важно е Македонија да се ликвидира, милум или силум.

Но, доколку овој хаос не се случеше, немаше да се случи ни истрагата што Вашингтон ја поведува против нивниот амбасадор во Скопје, Бејли, кој што сега треба да одговара за милионите долари од американските даночни обврзници кои што од УСАИД ги насочувал кон соросовите НВО и полтронски медиуми во корист на СДСМ. Овој хаос беше потребен за еднаш за секогаш да се стави крај на соросовите децениски обиди за рушење на уставниот поредок и загрозување на безбедноста на Македонија и конечно да се остварат најавите за строга законска регулатива во однос на невладините организации, особено во областа на финансирањето и целите на кои што им служат.

Ако пак, некои заборавија или не знаеја, овој хаос многу убаво им ја освежи меморијата, а и ги научи помладите за „вредностите“ кои што ЕУ и НАТО ги пропагираат и диктираат.

И конечно може да се заклучиме дека наместо самопрогласен „чувар на демократијата“, НАТО во моментов е во суштина најголемиот светски насилник и главен, ако не и единствен предизвикувач на крвави судири со цел монтирање на марионетски влади, поробување на таргетираните народи, користење на нивните природни ресурси и целосно одземање на нивниот суверенитет. Поддршката што НАТО очигледно ја дава за иредентизмот на нивната членка соседна Албанија насочен кон Македонија, всушност најдобро говори за НАТО „вредностите“.

Во однос пак, на лицемерното бирократско чудовиште наречено Европска Унија, ако осумгодишното траги-комично чекање пред портите на Брисел и дебилните притисоци за менување на името и идентитетот не ни беа доволни, тогаш капка што дефинитивно треба да ни ја прелее чашата е бесрамниот притисок за Заев и Албанците да формираат влада, со наводна цел „унапредување на правата“ на албанското малцинство и тоа во услови кога на нашите Македонци во земјите членки на ЕУ како Грција и Бугарија, не им се признаени ниту основните човекови права. Но, правата се само параван зад кои на Македонците треба да им се одземе и тоа што им остана од Македонија.

Хаосот се чини беше потребен и за да фрли ново светло врз расипаноста на петтата колона во Македонија, предводена од СДСМ, за да им се освежи меморијата на луѓето дека токму тие со децении ги опслужуваат и им помагаат на непријателите на Македонија, за не уште 10, туку уште најмалку 20 години, а најубаво и никогаш, да не можат да дојдат на власт, за која што се подготвени да продадат апсолутно се’ и секого.

Мораше да се случи хаосов и за конечно да се добие јасна слика за тоа за какви независни и слободни медиуми всушност зборуваат западните елементи, кои што вбризгуваат милиони евра и долари во медиумите и новинарите во Македонија, кои им се нивни ќеф.

За какво бре независно новинарство зборуваат тие што на одјавните шпици и порталите им стои дека се спонзорирани од амбасадата на САД и УСАИД?

Независни сте и слободни, да, но за правење спинови во стилот на оној дека Москва е таа што се меша во внатрешните работи и има скриена мрачна агенда за Македонија, иако руската амбасада во Македонија не спонзорира ниту медиуми, ниту невладини организации за правење анти-македонска пропаганда во насока на задоволување на апетитите на соседните земји кон нашата држава.

Но, се чини најголема придобивка од хаосот е тоа што народот се обедини и се направи точна и јасна дистинкција меѓу изродите, глувците и гомната што испливаа на површина и кои што лигавејќи се за „великодушни“ западни грантови, ја продаваат иднината на македонските деца и оние другите, патриотите, разумните, свесните, разбудените, пејачите, актерите, писателите, композиторите, уметниците, спортистите, археолозите…

Требаше да се случи хаосот, за да се обединиме и да развееме македонски знамиња од Скопје до Берлин, од Малме до Париз и Лондон до Сиднеј и преку народни македонски песни и ора да го завртиме вниманието на светската јавност кон срамното и крајно распано однесување на западот во 21-от век, кому, пак, досега веќе би требало да му е јасно дека за разлика од црпнатите од СДСМ, мнозинскиот Македонски народ никогаш нема да ја свитка кичмата.

И најпосле, Македонците нека служат како пример за сите идни народи, жртви на вакви асиметрични војни, дека само обединет народот може да си ја зачува татковината од внатрешните и надворешни штетници.