![bez-struja-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/bez-struja-1.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Засега надлежните не очекуваат ценовни шокови со новата цена на струјата која корисниците ќе ја плаќаат за струјата.
Од 1-ви јули за струја ќе плаќаме по нова цена на електричната енергија за домаќнствата, а дали ќе има пад или скок на цената е неизвесно.
Оваа новина доаѓа со либерализацијата на пазарот а од Регулаторната комисија сметаат дека за граѓаните уште е поисплатливо да останата на регулираниот пазар наместо да излезат на слободниот .
Сите корисници од јануари имаат опција да си изберат компанија од кој ќе купуваат струја а наскоро ќе можете и сами да ги проверувате и споредувате цените за струја кои ги нудат снабдувачите.