Катната гаража кај Работничкиот универзитет „Кочо Рацин”, од јуни ќе почне да функционира. Во тек се финалните зафати за изведба на паркинг-просторот, како и застаклувањето на надворешниот дел на објектот, пишува „Вест“.
„Цените сè уште не сме ги утврдиле, но ќе бидат колку и оние на паркингот спроти ‘Холидеј ин’ со кој, исто така, стопанисуваме ние, но ќе се наплатува од час. На паркингот спроти ‘Холидеј ин’ се наплаќа 40 денари за првите три часа, а секој следен е 20 денари. Останатиот дел од објектот, односно деловниот простор сè уште не е готов. Тој ќе почнеме да го изнајмуваме наесен. Бевме ориентирани прво да го изградиме паркинг-просторот, за да овозможиме нови паркинг места во центарот на градот”, вели за „Вест“, Цветко Грозданов- директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор.
Изградбата на оваа катна гаража која почна да се гради во 2011 година, чини 8 милиони евра.