Од казино во Струга украдени 520.000 денари

Со околу 520.000 денари си заминале две лица од казиното „Астра Клуб“ во Струга.

Како што информира МВР, денес во раните утрински часови, односно околу 03,30 часот во Струга, на ул.„Кеј Борис Кидрич“ поточно во казино „Астра Клуб“од страна на две непознати маскирани лица од кои едниот вооружен со пиштол било извршено разбојништво и од  вработената одзеле сума на пари од околу 520.000 денари по што го напуштиле местото на настанот.

Извршен е увид од страна на увидна екипа од струшката полиција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.