Од кладилница во Драчево украдени 1.000 евра

Од кладилница во Драчево украдени 1.000 евра. Вчера во 21.52 часот во Скопје во спортска обложувалница во населба Драчево, непознато машко лице маскирано и со закана со пиштол од вработената одзело околу 60-65.000 денари.

По кражбата лицето побегнало. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.