Прво промена на сортите, а потоа и одгледување на целосно нови култури на нивите, препорачуваат експертите како излез за справување со последиците од климатските промени. Да се одгледуваат автохтоните сорти како најадаптирани, кои со селекција може да развијат нови особини отпорни на влијанито од промената на времето.
Експертите сметаат дека со поголемата конкурентност, квалитет и безбедноста на храната, потоа со штедењето на ресурсите и подобрување на условите во селските средини може да се ублажат последиците од климатските промени и да се одржува земјоделството во кондиција.
Се проценува и дека со намалувањето на врнежите и на резервите со вода што во наредните децении драстично ќе се почувствува најмногу ќе страда земјоделството во централниот дел на Македонија, односно во регионите по течението на реката Вардар.