АНАЛИЗА: Од клупите на најскапите училишта, до банките на Ротшилд – Кој е новиот претседател на Франција

Кога во септември, лани, го основаше своето движење, многу аналитичари го сметаа за ѕвезда со краток сјај.

Но, на Макрон во кампањата му беше во прилог тоа што социјалистите појде од рака хаосот во редовите на социјалистите, но и истовремено тоа што конзервативната Марин ле Пен трпеше жестоки критики поради вмешаноста во финансиски скандал. Таа своја позиција потоа ја зацврсти градејќи широка поддршка меѓу избирачкото тело и во десницата и во левицата. Ширеше оптимизам таму каде кандидатот на десницата Ле Пен ширеше страв. Тој е жесток про-европјанин и смета дека Франција треба да ја придобие Германија во создавањето на социјално чувствителна Европска Унија. Ветува вложувања во едукацијата и обуките на младите луѓе и на невработените.Макрон

Макрон е во брак со Брижит Троње, која му била наставничка по француски јазик во средно училиште, и ја познава од својата шеснаесетта година. Тие немаат деца, но Макрон ги посвои трите деца на Брижит од нејзиниот прв брак.

Својата љубовна врска ја почнале кога тој станал полнолетен. Со оглед на големата разлика во возраста, која изнесува 24 години, нивниот брак беше привлечна и интензивно следена тема во медиумите.

Во еден период од кампањата за претседател на Франција, уметниците од сатиричниот весник „Шарли Ебдо“, се пошегуваа на сметка на Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Троње, објавувајќи карикартура од нив двајцата.

Во горниот дел на цртежот пишува: „Макрон – фаворит. Порој на гласови во негова поддршка“.

Во преден план е сопругата на Макрон, која мајчински му порачува: „Земи си мантил, мое маченце!“.

Брижит Троње сака да биде француска Мишел Обама

Сопругата на новиот француски претседател Емануел Макрон, Брижит Троње нема да биде „прва дама“ во стилот на досегашните Карла Бруни Саркози или пак, сопругата на Оланд. Очигледно е дека сопружниците Обама им се политички пример на Емануел и Брижит, па откако Барак јавно го поддржа Макрон во текот на кампањата, се појави информација дека неговата сопруга ќе има важна улога во составувањето на новата власт во Елисејската палата

„Нејзниот главен интерес е образовната реформа, и фокусирање на работата со аутистичните и хендикепирани деца„, рекла Кандис Неделис, коавтор на биографијата на Макрон и Троње.

Макрон е заговорник на засилувањето на дејствувањето на жената во политиката, па оттука се претпоставува дека на својата сопруга ќе и даде државни задачи, персонал, но не и плата. Сеуште во Франција е силно сеќавањето на скандалот кој ја уништи кампањата на републиканецот Франоса Филон, кој својата жена ја плаќал со државни пари, а таа не работела.

Моќна власт на претседателот на Франција

  1. Командант на воените сили, го контролира нуклеарното вооружување, и носи конечни одлуки за прашањата во однос на надворешна политика;
  2. Ако државата се најде под „сериозна и непосредна закана“ ги презема сите извршни овластувања;
  3. Може да свикува референдуми без одобрувањ ена парламентот, а за постапка за негово отповикување потребни се две третини од гласовите во двата дома на парламентот;
  4. Претседава со кабинетот, именува премиер по правило зависно од парламентарното мнозинство, но може и да го смени без одлука на парламентот;
  5. Предлага закони, некои може со премиерот да ги донесе и без одобрување на парламентот, кој може да го распушти најмногу еднаш во една година;
  6. Има полн имунитет од било каков казнен прогон, кој му истекува неколку години по напуштање на функцијата.