Од Комисијата за заразни болести не ја исклучуваат продолжување на рестриктивните мерки уште една недела

Комисијата за заразни болести размислува да предложи уште една недела продолжување на рестриктивните мерки, кои главно ги опфаќаат неработењето на угостителите и полицискиот час од 20.00 до 05.00 часот, објави Сител.

Утре ќе биде познато дали ќе има и натаму полициски час и објектите ќе останат затворени, односно членовите на комисијата треба да ја дадат препораката, додека Владата ќе го има последниот збор.

Во вторник завршува важноста на двонеделните рестриктивни мерки но не е исклучена можноста тие да продолжат уште една недела, односно до 27 април.

Во моментов она што е познато е дека според Министерството за здравство, попушта  притисокот врз болниците, што е клучно во донесувањето на одлуката.